Македонија 07. ноември 2020. / 16:28

Од денеска дополнителни 150 болнички кревети за болни со ковид на Интерните клиники

Од денеска дополнителни 150 болнички кревети за болни со ковид на Интерните клиники

Министерот за здравство Венко Филипче се сретна со дел од медицинскиот персонал на интерните клиники, каде веќе од денеска на располагање се ставаат 150 болнички кревети за лекување на ковид пациенти.

Како што соопшти Министерството за здравство, овој проект со кој се зголемува сместувачкиот капацитет за пациенти заразени со Ковид 19, нема да го наруши нормалното функционирање на сите овие клиники.

– Изминатиов период, министерот Филипче со директорите на сите интерни клиники одржа повеќе координативни состаноци, медицинските тимови се подготвени да работат и со ковид пациенти, а да ги вршат и тековните прегледи и интервенции закажани преку „Мој термин“, се додава во соопштението на Министерството за здравство.