Oд денешните нови 35 случаи на ковид-19 на ниво на држава, најмногу, односно 22, се во Скопје.
Според информациите од Институтот за јавно здравје, 22-те случаи во Скопје распоредени по општини изгледаат вака: Чаир-5, Бутел-3, Сарај-2, Аеродром-2, Шуто Оризари-2, Ѓорче Петров-2, Илинден-2, Гази Баба-1, Студеничани-1, Сопиште-1 и Кисела Вода-1.
Покрај во Скопје, денеска беа регистрирани нови случаи и во: Куманово-4, Штип-1, Тетово-6, Струга-1 и Гостивар-1.