Македонија 10. јули 2020. / 19:06

Од Битола започна дистрибуцијата на доверливиот гласачки материјал

Од Битола започна дистрибуцијата на доверливиот гласачки материјал

Денеска од печатницата „Киро Дандаро“ во Битола се дистрибуираше доверливиот материјалот за гласање што ќе се користи на претстојните вонредни парламентарни избори.
На терен беше и претседателот на Државната комисијата, Оливер Дерковски кој истакна дека доверливиот гласачки материјал денеска ќе се дистрибуира до сите општински изборни комисии, а тие утре ќе ги достават до сите избирачки одбори.

Исклучително е тешко да се организира ваков процес за време на пандемија, каде треба да се внимава на здравјето на граѓаните. Ги повикувам граѓаните да излезат на гласање, да не се плашат за здравјето затоа што ние се погриживме да ги снабдиме сите избирачки одбори со доволно заштитен материјал, заштитни маски, и за оние гласачи кои евентуално не можат да си купат, или немаат или нема да носат од било каква причина, ќе можат да добијат заштитна маска за да може да го остварат своето право на глас, рече Деркоски.

Од печатницата „Киро Дандаро“ велат дека безбедноста на гласачките ливчиња е на највисоко ниво. Испечатени се 1.814.263 гласачки ливчиња.

Преголема заштита има, не е можно да се фалсификуваат овие ливчиња, имаат преку 20 заштити, изјави Драги Милошевски, директор на печатницата.