Македонија 17. септември 2019. / 17:14

Од Антикорупциска 26 в.д директори во Клинички добија прекршочни пријави

Од Антикорупциска 26 в.д директори во Клинички добија прекршочни пријави

26 директори на скопските клиники добија прекршочни пријави од Антикорупциска комисија бидејќи не доставиле анкетни листови за тоа колку имот поседуваат и дали имаат промена на имотната состојба откога станале в.д директори.

Тие имале рок од 30 дена да достават изјава за имотната состојба, но ниту еден од нив тоа не го сторил, поради што треба да платат казна од 300 евра.

Антикорупциска укажува дека сите в.д. директори мора да достава анкетни листови, а оваа обрска важи 30 дена по назначувањето и 30 дена откога ќе бидат разрешени.

Член 85 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси предвидува дека лицата од член 82, став 1 (каде спаѓаат и именувани лица одговорни за јавни установи со државен капитал), се должни во рок од 30 дена даго пријавата секое зголемување на нивниот имот, односно имотот на член на нивното семејство, во вредност од износ што надминува 20 нето просечни плати во претходниот тримесечен период, како промена на интреси. Кон пријавата за промена се приложува и договор или друг документ што е основа за промена, се вели во Законот.

Вд. директорите беа поставени на функции во 2017 година како вршители на должност, а мандатот им беше продолжуван на секои шест месеци. Во текот на летово, август и септември беа распишани нови огласи за директори на клиниките. Дури 26 в.д. директори од вкупно 31 клиника не доставиле ставиле докумнти за својата имотна состојба.