Иако беше најавено дека од кичевската Општа болница против Ковид-19 ќе се вакцинираат 64 лица, кои го понесоа и главниот товар во лекувањето на болните од Коронавирусот ,сепак официјалната бројка изнесува 42 лица, што беше потврдено и од самата болница.
-Иако првично на списокот за вакцинација против Ковид-19 беа запишани 64 вработени кои го понесоа и главниот товар во лекувањето на болни од Ковид-19, сепак фактичката бројка на вакцинирани е нешто помалa и изнесува 42 лица. Преостанатите запишани на овој список ќе ја примат првата вакцина во наредниот период а, дел од вработените кои во меѓувреме го прележале вирусот ,ќе се вакцинираат нешто подоцна, сметајќи на стекнатиот имунитет во период од 6 до 9 месеци. Вработените кои ја примија првата вакцина на Фајзер ,за 21 ден ќе ја примат и втората вакцина, со што ќе го добијат и неопходниот имунитет-рече Др.Неџат Балажи, специјалист од Општата болница во Кичево.
Во Здравствениот дом вакцинацијата се одвива етапно и како што вели директорот Џабир Бајрами, вработените во Здравствениот дом ќе се вакцинираат во 5 групи од по 6 вработени, додека четворица вработени од првата помош не се согласни да се вакцинираат.
Во Здравствениот дом им се дава предност на вработените од брзата помош ,додека преостанатите вработени ќе се вакцинираат во периодот кога во земјава ќе пристигнат поголем број на вакцини против Ковид-19.