Македонија 02. јули 2018. / 12:30

Очекувајте драстично поскапување на сите горива

Очекувајте драстично поскапување на сите горива

На секое поскапување на нафтата од 5 долари, цената на бензинот се зголемува за 3, додека цената на дизелот се зголемува за 2 денари.

Во денешното тргување, барел нафта се продава за 78,5 долари откако во петокот се доближи до границата од 80 долари, завршувајќи го тргувањето на 79,3.

Минатиот понеделник кога беше одредена цената во Македонија регулаторот пресмета просечна вредност на суровата нафта од 73,8 долари за барел. Доколку продолжи трендот на вакво поскапување, треба да очекуваме значително повисоки цени кај сите нафтени деривати.