Македонија 09. јануари 2020. / 13:56

Обвинителството бара судот да одлучи за барањето Теофиловски да оди во Шутка

Обвинителството бара судот да одлучи за барањето Теофиловски да оди во Шутка

Судскиот совет му го одзеде имунитетот, а не одобри притвор за нивниот член, Зоран Теофиловски, но сега Обвинителството ја проблематизира нивната одлука и сепак бара судијата на претходна постапка да се произнесе по нивниот предлог Теофиловски да оди во Шутка, пишува Фокус.

Од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција за „Фокус“ потврдуваат дека испратиле барање до судијата на претходна постапка, Седат Реџепагиќ да се произнесе за предлогот за притвор.

Ниту во Уставот, ниту во Законите за Судски совет пишува дека членовите на советот уживаат имунитет, брифираат од Обвинителството. Од таму објаснуваат дека со престанувањето на судиската функција и станувањето на член на Судскиот совет, Теофиловски го изгубил правото на имунитетот, бидејќи судиите имаат имунитет, но не и членовите на Судски совет.