Македонија 06. јули 2020. / 12:57

Обвинителот Гаврил Бубевски позитивен на корона тест, Фатиме Фетаи во изолација

Обвинителот Гаврил Бубевски позитивен на корона тест, Фатиме Фетаи во изолација

Поранешната специјална обвинителка Фатиме Фетаи е во изолација, откaко нејзиниот колега од обвинителството Гаврил Бубевски добил позитивен тест на коронавирусот, дознава неофицијално „Република“.

Од Основниот кривичен суд денеска најавија дека заради најавено отсуство на надлежниот обвинител, денешната расправа за предметот „Монструм“ се одложува за 26 август.

И Фетаи и Бубевски работат токму на овој случај.

Последното рочиште за случајот се одржа во петокот, кога сведочеше веќе пензиониран инспектор од МВР, кој со колегата го пронашле автомобилот во кој избегаа убијците од масакрот кај Смилковско Езеро.

„Република“ се обиде да стапи во контакт со Фетаи за да потври дали е во изолација поради контактот со Бубевски во петокот, но не успеа да ја добие обвинителката.

Предметот се води кај судијата Огнен Ставрев, за кој сè уште нема информации дали ќе оди во самоизолација.