Македонија 29. јануари 2020. / 11:13

Обвинителката поставува прашања а Боки 13 се крсти

Обвинителката поставува прашања а Боки 13 се крсти

Продолжи судењето а предметот Рекет. Во судница прва сведочи Мери Дика. Таа вели дека се во кумство со Бојан Јовановски и пријателка со неговата мајка.

Дика додава дека Бојан Јовановски заработувал преку проекти од ЕУ, а значително му се подобрила финансиската положба откако ја отворил 1ТВ.

За време на прашањето на обвинителката Гордана Смаќоска до сведокот дали Бојан Јовановски купувал возило и како тоа било набавено, тој се крстеше во судница.

Мери Дика заедно со Бојан Јовановски патувале и во Милано.Продолжува испрашувањето на сведокот, од страна на одбраната на Бојан Јовановски.

За денеска планирани да сведочат се пет сведоци: Сања Димовска, Лидија Младеновиќ, Лила Стојановска, Весна Костовска и Мери Дика.