Денеска во кумановскиот суд ќе бидат изречени пресудите на обвинетите во случајот со прегазувањето на четиригодишниот Алмир Алиу од Куманово.
Откако беше прекфалификувано делото и Бобан Илиќ се товари за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, наместо за убиство, имаше многу протести.
Илиќ веќе кажа дека не се чувствува виновен.
Обвинети во случајот се и таткото на Алмир, Седат Алиу, и две други лица, Сами Демири и Абдула Алиу.