Македонија 02. јули 2018. / 15:32

Обвинетите за 27 Април, на Апелација добија условни казни

Обвинетите за 27 Април, на Апелација добија условни казни

Второстепениот суд, по поднесена жалба, ја преиначи одлуката на Кривичниот суд, кој по признанието на насилството им досуди условни казни. Претнодно, обвинетите беа осудени на вкупно 9 години затвор.

Меѓу осудените највисока казна доби Димче Христовски – Жабата кој беше осуден на една година и шест месеци затвор. Сите останати беа осудени на по 6 месеци затвор.

До конечниот епилог за настаните во Собранието на 27 Април, остануваат уште судењата на Борис Дамовски и Игор Дурловски