Македонија 09. јули 2019. / 09:19

Обука за улогата на укажувачите во борба против корупцијата

Обука за улогата на укажувачите во борба против корупцијата

Денеска во Скопје ќе се одржи обука, во организација на Транспаренси Интернешнл – Македонија и Државната комисија за спречување на корупција, на тема „Улогата на укажувачите во борбата против корупцијата“.

Обуката се организира во рамките на проектот „Зајакнување на укажувачите во Македонија”, финансиски поддржана од грант на „Балканска доверба во демократијата“, проект на „Џерман Маршал Фонд“ на САД и Амбасадата на Кралството Норвешка во Белград, чиј имплементатор е Транспаренси Интернешнл- Македонија.

Целта е да ја подобри состојбата со заштита на правата на укажувачите и промоција на нивната улога во борбата против корупцијата.