Македонија 09. јануари 2020. / 09:48

ОБСЕ: Поддржувачите на политичките партии да се воздржат од навредливи содржини врз која било основа

ОБСЕ: Поддржувачите на политичките партии да се воздржат од навредливи содржини врз која било основа

Мисијата на ОБСЕ во Скопје изразува осуда на сите форми на расизам, антисемитизам и нетолеранција.

Мисијата, на својата официјална страница на Фејсбук, ги повикува членовите и поддржувачите на сите политички партии да се воздржат од изразување и споделување навредлива содржина на етничка, верска или друга основа.

– Предизборните периоди се времиња кога државите се особено ранливи на говор на дискриминација и нетолеранција, што може да доведе до сериозни последици. Податоците на Мисијата и на локалните НВО од изминатите седум години покажуваат дека инцидентите од говор на омраза во Северна Македонија историски бележат пораст за време на предизборните периоди, особено по основ на етничка и политичка припадност – наведуваат од ОБСЕ.

Од мисијата додаваат дека ова е особено важно време за државата, имајќи ги предвид спроведувањето на стратешките цели на Македонија. ОБСЕ посочува и дека слободни, фер и избори без говор на омраза се неопходни за земјата.