Мирен и добро спроведен втор круг од претседателските избори но забележано семејно гласање и поткуп на гласачи во Штип и Струмца. Ова е оценката од терен на меѓународните набљудувачи. Во извештајот се наведени два случаи на купување гласови, а до мисијата на ОБСЕ/ОДИХР, обвинувања за изборни нерегуларности и политички притисоци пристигнале и од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Очекуваат МВР да ги испита сите сомнежи за прекршување на избирачкото право.
Како и во првиот круг, има загриженост околу законската рамка. И натаму не е одговорено на претходно евидентираните регулаторни недоследности, околу прашањата како водење кампања, медиумско рекламирање, финансирање на кампањата и регистрација на гласачите.
Меѓународната минија за набљудување на изборите во вториот круг располагаше со околу 170 набљудувачи од 32 земји.