Откако претходно беше искршен споменикот на загинатите бугарски туристи во Охрид од денеска општината повторно го возобнови споменикот „Солза на Роза”.
Споменикот беше поставен годинава по повод одбележувањето на единаесет годишнината од несреќата на бродот „Илинден” во кој загинаа 15 бугарски туристи.
-Апелирам до граѓаните да се воздржат од вакви слични вандалски однесувања.Ова спомен обележје продолжува да биде симбол на сочувство и почит за 15 те бугарски туристи кои трагично загинаа во несреќата на бродот Илинден на 5 септември 2009 година, напиша на својот фб профил градоначалникот Георгиевски.
Инаку оштетувањето на споменикот предизвика бурни реакции во јавноста. Синоќа со осуда се јави и Министерството за надворешни работи, а веста за сквернавењето претходно ја објавија и бугарските медиуми.
Од СВР Охрид велат дека полицијата презема мерки и активности за расчистување на случајот.