Македонија 18. декември 2020. / 11:13

Обложувачниците ќе работат и по 18 часот, но нема да служат пијалаци

Обложувачниците ќе работат и по 18 часот, но нема да служат пијалаци

Согласно новите мерки што ги донесе Владата за скратување на работното време на угостителите, Асоцијацијата на спортски обложувачници посочува дека иако тие ќе работат и после 18 часот, не смеат да служат пијалоци.

-Во спортските обложувалници на нашите членки, почнувајќи од денеска по 18 часот нема да работат шанковите и нема да се послужуваат пијалоци. Ова е во согласност со новите мерки на Владата за заштита од ширење на вирусот ковид-19, кои ние како Асоцијација во целост ќе ги почитуваме, истакнуваат од АСОМ.

Дополнително, АСОМ информира дека сите објекти на спортските обложувачници кои се членки на асоцијацијата, на 31-ви декември ќе работат до 19 часот.

-Како и досега, Асоцијацијата на спортски обложувачници апелира на одговорност и максимално почитување на мерките за лична заштита од страна на играчите и придржување кон протоколот по кој работат спортските обложувачници, се вели во соопштението.