Македонија 06. април 2018. / 09:12

Облачно време со врнежи од дожд

Облачно време со врнежи од дожд

Времето во Македонија ќе биде облачно со врнежи од дожд.

Поинтензивни врнежи ќе има во северните и централните делови, каде локално ссе очекува да наврнат над 25 л/м2 .  Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер кој ќе предизвика значително опаѓање на дневните температури.

Утринската температура ќе се движи од 4 до 13, а дневната од 11 до 18 степени.

Во Скопје слично време, облачно со врнежи од дожд, а ќе дува умерен до засилен северозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 10, а дневната ќе се искачи дод 14 степени.

За време на Велигденските празници времето ќе биде стабилно, суво и релативно топло. Во понеделник ноќта кон вторник ќе има услови за краткотраен локален дожд.