Македонија 03. јануари 2020. / 18:12

Објавено решението за поништување на постапка за изградба на депонија

Објавено решението за поништување на постапка за изградба на депонија

Градоначалникот на Неготино Тони Делков попладнево го објави решението за поништување на постапка за изградна на депонија.

Решението е донесено на 30 декември минатата година, врз основа на член 58 од Законот за градежно земјиште и мислењето да Државното правобранителство, од страна на Комисија за спроведување на постапките за електронско јавно наддавање.

Со решението се запира постапката за електронско јавно наддавање за градежно неизградено земјиште, поради негативно мислење на Правобранителството.

На градежното земјиште беше најавена изградба на депонија за инертен индустриски неопасен отпад, а Здружението на граѓани „Ековита“ покрена постапка за референдум против изградба на депонија, поради страв за последици по здравјето на луѓето и по животната средина. свд/сп/