Македонија 21. март 2020. / 17:45

Обичните маски не штитат од коронавирус!

Обичните маски не штитат од коронавирус!

Изминативе денови неколку  текстилни компании  почнаа  со изработка на заштитни маски  и истите ги донираат до различни категории, како полицајци, војници, здравствени работници.

Поради неостатокот на маски во аптеките  на територија на цела држава,  на социјалните мрежи се појавија и  некакви  алтернативни решенија, како покривање со марама, маски од обичен текстил итн.

Но, по информациите за изработка на  маските, се појавија и  критиките дека  овие  маски  кои се изработуваат во компаниите се изработени од обичен памук, не се медицински и имаат нула степен на заштита од вируси.

Памучните маски штитат од прашина и ветер, а на вирус со димензии од 0, 12 микрона потреба е медицинска маска.  Во светот постојат точно одредени и пропишани стандарди за заштитна маска

од Kина е YY0469-2011 ,
од Европа е EN 14683-2014 type2 or type 3
од САД е N95 or N99 mask 9132/1860 (NIOSH)

Tоа е така затоа што секој слој( и мора да се 3 слони)  има своја функција, едниот,надворешниот е  ткн  non-woven layer хидрофобичен слој (не пропушта течност) ,другиот,средниот е ткн melt-blown filter ,и третиот е исто хидрофобичен слој. И ниту една друга маска не е погодна за употреба за оваа ситуација.

Медицинска маска  мора да има 3 различни сертификати кои се однесуваат баш на сертификат за сигурност,за производство,материјал и тн. плус тест од институт за сето тоа !! Дополнително што едниот од сертификатите се однесува на самата просторија  каде се произведуваат медициските опреми, значи и просторијата треба да е соодветна, а не да биде конфекција за шиење алишта оти таа не исполнува стандарди за производство,не е стерилна !!

Според експерите  постои причина зошто таквите маски не се класифицираат како ефикасни особено во случаи како што е сегашниот, пандемија на релативно нов и непознат вирус

Медицинските маски имаат густ слој од целулоза, што е клучна разлика меѓу нив и текстилните материјали. Точно, подобро е памучна маска отколку никаква, но не очекувајте преголемо чудо и исклучителна заштита од неа.

И во упатствата на СЗО се вели дека  не е докажано дека маските за лице можат ефикасно да ве заштитат од вирусни инфекции. Овие маски веројатно се во можност да фатат некои микроби пред да стигнат до устата или носот. Но уште поважно е тоа дека тие ги спречуваат луѓето да ги допираат устата или носот (што повеќето луѓе го прават инстинктивно). Ако веќе сте болни, таквите маски може да спречат да не заразувате други.

Ек­спер­ти­те се скеп­тич­ни во врска со мас­ки­те и заш­ти­та­та од ви­ру­си што се пре­не­су­ва­ат во воз­ду­хот, но ве­лат де­ка мо­жат да по­могнат око­лу за­ра­зи­те што се пре­не­су­ва­ат пре­ку вал­ка­ни раце.

Д-р Деј­вид Ка­рин­гтон од Уни­вер­зи­те­тот во Лон­дон за Би-би-си из­ја­ви де­ка „обич­ни­те хи­руршки мас­ки не се ефи­кас­на заш­ти­та од ви­ру­си или бак­те­рии што се пре­не­су­ва­ат во воз­ду­хот“ – што е нај­чест на­чин на за­раза. Ка­ко што на­ве­дува, тоа е за­тоа што мас­ки­те ге­не­рал­но не се до­вол­но цврсти, не­ма­ат фил­три за воз­дух и очи­те се из­ло­жени.

Постојат мал­ку до­ка­зи за пред­нос­ти­те на мас­ки­те над­вор од бол­нич­ки­те ус­лови. За да би­дат ефи­касни, мас­ки­те мо­ра да се но­сат на со­од­ве­тен на­чин, чес­то да се ме­ну­ва­ат и да се чу­ва­ат на без­бе­ден и адек­ва­тен на­чин. А, ис­тра­жу­ва­ња­та по­ка­жу­ва­ат де­ка со­од­вет­ни­от на­чин на од­не­су­ва­ње­то со мас­ка­та сѐ по­ве­ќе се на­ма­лува, кол­ку што е по­долг пе­ри­о­дот на но­се­ње­то на мас­ката.

Се препо­ра­чу­ва да се но­сат ква­ли­тет­ни заш­тит­ни мас­ки на но­сот и ус­тата, иа­ко ек­спер­ти­те на­по­ме­ну­ва­ат де­ка ни тоа не е га­ранци­ја за це­лос­на заш­ти­та од ви­ру­сот.

Ин­фек­то­ло­зи­те напо­ме­ну­ва­ат де­ка по­важ­но од но­се­ње­то мас­ки е те­мел­но да се ми­јат раце­те и да се избег­ну­ва­ат бол­ни­те луѓе. Де­ка лич­на­та хи­ги­е­на од но­се­ње­то мас­ки е по­важ­на се сог­ла­су­ва­ат и ек­спер­тите, на­по­ме­ну­вај­ќи де­ка пок­ри­ва­ње­то на ус­та­та ко­га ки­ва­ме и каш­ламе, ка­ко и ми­е­ње­то на раце­те и избег­ну­ва­ње­то на до­пи­ра­ње­то на ус­та­та со рацете, го на­ма­лу­ва ри­зи­кот од за­раза.