Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција изјави дека започнале интензивни подготовки со цел да имаме ефикасен процес на вакцинација. Тој најави дека веќе се обезбедени 833.000 дози вакцини за 400.000 граѓани, преку ковакс механизмот, појаснувајќи дека овие вакцини ќе ги добиваат согласно планот за дистрибуција.
– Покрај овој механизам, веќе доставивме барања за директни договори до две светски компании за нивните вакцини и после нивните иницијални одговори ги чекаме и дефинитивните потврди дека ќе можеме дополнителна количина да набавиме директно од компаниите. Третиот механизам е преку земјите членки на ЕУ, од нивните билатерални договори со компаниите. Официјална понуда добивме од Полска и Грција и аплициравме за 800.000 дози“, рече Филипче.
Тој додаде дека имале состаноци и со економски оператори за транспорт на вакцините. На почетокот на јануари ќе стигнат фрижидерите во кои на минус 70 степени ќе се чуваат вакцините.
„Добивме потврда од една Американска фондација за фрижидери потребни за чување на вакцините кога тие ќе стигнат на почетокот на јануари“, вели министерот.