Македонија 01. мај 2020. / 13:16

Обезбедени дополнителни 50 респиратори преку заем од СЗО

Обезбедени дополнителни 50 респиратори преку заем од СЗО

Обезбедивме дополнителни 50 респиратори преку заемот на Светската здравствена организација (СЗО), коишто ги обезбеди УНДП преку најповолни цени, информираше денеска заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бујар Османи.

Тој наведе дека десетина од респираторите ќе пристигнат до 5 јуни, а останатите до крајот на месецов.

– Тоа значи дека со тие од Европската Унија вкупно обезбедивме 70 респиратори, а проценка на Министерството за здравство е доволна количина на респиратори за да се обезбедат потребите на нашите клиники, рече вицепремиерот.