Обемен доказен материјал добил обвинителот кој покрена истражна постапка за злоупотреби во Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, објави „А1он“
Ова пак, според Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција е причина да не можат да одговорат дали одлука за покренување на обвинение против разрешената директорка Лидија Димова, сопственикот на фризерницата „В.Е.З Трејд“, Зоран Златковски, екснадворешниот соработник Александар Гочев и пензионираната благајничка Ана Павлиду ќе има до крајот на оваа година.
Обвинителот и натаму прибира докази, додека според извори на „А1он“, досега на распит не се повикани ниту осомничените во случајот. Обвинителството не исклучува можност истрагата да се прошири и на други лица.
Целата сторија може да ја прочитате на „А1он“.