Македонија 29. декември 2020. / 12:00

Нуредини: Дојдоа нашите од надвор, за две недели може да има зголемен број на новозаразени

Нуредини: Дојдоа нашите од надвор, за две недели може да има зголемен број на новозаразени

Додека регионот, не само Турција, не проценува како ризично подрачје од кое би можеле да увезат ковид- вирус, Македонија е отворена за влез без никакви пречки дури и од најризитните подрачја. Периодот околу празниците вратени се огром број гастербајтери во земјава, па и самите лекари стравуваат дека по Божик е можен нов бран.

Сега ни дојдоа од надвор од Западна Европа и сега ние се плашиме дека по две недели ќе имаме зголемен број кој што навистина може да не фати во незавидна ситуација, вели за Алфа, координаторот на ковид-центарот во Тетово, Гзим Нуредини.

За сега нема точни информации кога ќе биде готова модуларната болница во Тетово, но се знае колку кревети ќе има.

Модуларната болница ќе има околи 35 легла за хоспитализирање на пациетни ќе има распоред за интензивен дел и ќе има и лабараторија, додава Нуредини. Инаку во клиничката болница дневно има во просек по 40-тина пациенти, генерално со средно-тешка клиничка слика.