Македонија 04. октомври 2020. / 09:05

Новозаразените со Ковид -19 во Струмица се на различна возраст и од различни кластери

Новозаразените со Ковид -19 во Струмица се на различна возраст и од различни кластери

Во Струмица вчера беа регистрирани рекордни 21 новозаболен од Ковид-19, односно вкупно 25 со четирите нови случаи во општина Валандово, која е во рамки на струмичкиот Центар за јавно здравје.

Според директорот на овој центар, Петре Витанов, секојдневните двоцифрени бројки на новозаразени се должат на непочитувањето на прописите и протоколите.

Ако до пред десетина денови имавме заболени од познати кластери, повеќе не е така. Новозаразените се на различна возраст и од различни кластери, изјави директорот на Центарот за јавно здравје во Струмица, Петре Витанов.

Капацититети на Инфективното одделение во струмичката болница за прифат на заболени веќе десетина денови се полни, а раководството на болницата најавува дека од понеделник треба да бидат оспособени хируршките амбуланти, каде треба да бидат поставени 15 кревети за лекување на заболените од Ковид-19.

Во Струмица досега се регистрирани вкупно 293 заболени, од кои активни се 178 лица.