Поранешен новинар на Дневник а сега активен поддржувач на политиките на Владата на Зоран Заев бара од владеачката партија да ја бојкотира и да ја затвори единствената опозициска телевизија Алфа ТВ.
Миодраг Мишолиќ смета дека е грешка на СДСМ што нивни членови одат на дебати во Алфа ТВ.
Наместо да одат на дебати тој предлага телевизијата да биде затворена.
Втора вечер по ред, претставник на СДСМ гостува на Алфа. И тоа вечерва – министер (Дамјан Манчевски). Ако се’ уште некој се надева дека оваа држава повторно ќе добие нормална медиумска сцена, нека се откаже од надежта.Место да ги затвораат пропагандните мегафони, и паралелно да создаваат услови за враќање на професионалното новинарство, тие им даваат легитимитет на пропагандистите. Срамота, и за СДСМ и за Манчевски, смета Мишолиќ кој бил активен учесник во Шарената револуција.