Македонија 28. септември 2020. / 18:29

Новинарот Димовски: Ако Јанкуловска е спроведена во затвор, незаконски е!

Новинарот Димовски: Ако Јанкуловска е спроведена во затвор, незаконски е!

Новинарот кој со години ја следи областа на правocyдството, Саше Димовски оценува дека екс-министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска е спроведена во затвор незаконски.

„Ако е точно, НЕЗАКОНСКИ Е, без почитување на процедура! Налогот се врачува на обвинетиот 8 дена пред одење во затвор и ако не се јави, се апси! Пак велам, ако е точна веста, некој си поиграла со законот“, пишува тој.