Македонија 21. август 2019. / 11:32

Новинарката Јоци прашува: Да не станало СЈО приватна фирма?

Новинарката Јоци прашува: Да не станало СЈО приватна фирма?

Новинарката Јорданка Ивановска Јоци, на Фејсбук сподели впечатоци по вчерашното сведочење на шефицата на СЈО, Катица Јанева.

Да сумираме. Сињора Кејти Џен не е ocoмничена, за Русковска и Јовковски она е сведок, и покрај тоа што е директно инволвирана во Pekeт (комуницира со ocoмничен на СЈО на мобилен на притвopениот Јовановски и му вели на Орце Камчев : се ќе биде ок.И навистина се беше ок, Камчев си доби пасош назад за некое време, а сега више никој не знае дали е во земјава), И не само тоа. Не е ocoмничена, камоли притвоpeна и за случајот Поштенска банка, каде по нејзин налог замрзнува имот, но остава еден стан на Орце Николов, кој потоа го купува нејзин пријател за ниска цена, екс директорот на МЕПСО, Сашо Василевски (експресно разрешен по притворот на Боки 13 и оставката на Јанева), Туку, таа денеска се појави рака под рака со Стеван Павлески, нарекувајќи го правен КОНСУЛТАНТ, иако човекот е адвокат на луѓе кои се осомничени токму од СЈО (на луѓе од другата страна).И токму тој, пред камери ја подучува да не дава изјави, не била на распит!?Не знам..можеби СЈО во меѓувреме станало приватна фирма !? – прашува Јоци на Фeјсбук