Нови шест кавадарчани се потврдени како позитивни на вирусот Ковид-19 во изминатите 24 часа, за МИА потврди доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при кавадаречкиот Центар за јавно здравје.
Новозаболените, од кои двајца претходно имале контакт со лице позитивно на Ковид-19, а другите не знаат од каде се заразиле, се на возраст од 21 до 58 години. Две од лицата позитивни на коронавирус се припаднички на понежниот пол.
Сите се со лесна клиничка слика и на домашно лекување.