Клиниката за психијатрија доби 45 нови кревети за пациентите.
Овие кревети ќе ги заменат досегашните стари кревети коишто се поставени во Клиниката од нејзиното отворање во 1993 година.
Истовремено, како што објави министерот за здравство, Венко Филипче, на неколку локации околу Клиниката се поставени и нови клупи за да можат пациентите да го поминат времето и надвор од своите болнички соби.