Македонија 02. јуни 2020. / 12:12

Нови двајца позитивни во Гостивар

Нови двајца позитивни во Гостивар

Епидемиолозите откриле два нови случаја на инфицирани со корона вирусот во Гостивар.

Според информациите на меѓуопштинскиот кризен штаб, двата нови случаја се регистрирани во селото Чегране, објави „Вечер“.

Со оглед дека работат во јавни установи, епидемиолозите денеска ќе тестираат најмалку педесет нивни колеги и роднини кои, според анкетите, во изминатиот период биле во контакт со нив.

Гостиварскиот градоначалник Арбен Таравари ја оценува состојбата како стабилна, но предупреди на можно зголемување на бројот на заболени, како дел од вториот бран на пандемијата.

Во трите гостиварски општини од почетокот на пандемијата направени се 370 тестови, а во моментов активни се вкупно осум случаи. Од последица од корона вирусот, починаа три лица.