Македонија 12. април 2020. / 13:25

Нови 68 заразени со корона вирус, 14 на респиратор

Нови 68 заразени со корона вирус, 14 на респиратор

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 68 нови случаи на ковид-19. Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Kовид-19 во нашата земја изнесува 828 лица.

По градови: Скопје – 15, Куманово – 18, Прилеп -14, Тетово -2, Струга – 10, Велес – 6, Битола -1, Гостивар -1 и Кочани -1.

Според местото на живеење, досега се регистрирани во: Скопје – 312, Куманово – 200, Дебар – 49, Штип-27, Прилеп –72, Тетово – 33, Струга – 43, Велес – 30, Битола –9, Охрид –4, Кавадарци – , Гостивар –8, Гевглелија – 4, Струмица – 2, Крива Паланка-3, Радовиш – 4, Крушево – 3, Кочани – 21, Пробиштип – 1.

Во изминатото деноноќие направени се 404 теста. Преку ИЈЗ – 300, преку Ветеринарен ф-тет -0, Авицена – 9, Биотек – 24 и Филип Втори (Жан Митрев) – 71. Досега во земјата се направени вкупно 8.057 тестирања на Ковид -19.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје се примени 2 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 69. Од нив, 18 се на кислородна поддршка, а 8 на респираторна машина.

Во „8 септември”, примени се 9 нови пациенти, а вкупно се хоспитализирани 31 пациент, од кои 6 се на респираторна машина. Во болницата во Битола се хоспитализирани 6 пациенти.

Пациентите се стабилни, а 1 пациент е повремено на кислородна поддршка. На домашно лекување се следат 8 пациенти со лесна клиничка слика. Во болницата во Штип е хоспитализирани 13 пациенти, а уште 13 се следат на домашно лекување.