Македонија 24. мај 2020. / 12:37

Нови 37 заболени од Ковид-19, нема починати пациенти

Нови 37 заболени од Ковид-19, нема починати пациенти

Во последното деноноќие регистрирани се 37 нови случаи на Ковид-19 во земјава од направени 508 тестирања.

Најголем број од заболените се од Скопје – 12,  потоа во Куманово – 8, Тетово – 7 и во Струга – 4 случаи. Во Штип, Прилеп и во Охрид регистрирани се по два случаи.

Во Институтот за јавно здравје регистрирани се 11 оздравени пациенти, од кои по два се од Скопје и од Велес, а седум излекувани се од Прилеп.

Во изминатите 24 часа не се регистрирани починати пациенти како последица на Ковид-19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1978, бројката на оздравени пациенти е 1422, на починати е 113, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 443.

Досега во земјата се направени вкупно 25270 тестирања на ковид -19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 188 теста се во рамките на скринингот. Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје во Велес, Кочани, Куманово и Скопје во градинки и геронтолошки установи.

Денеска со скринингот е потврден еден позитивен случај кај вработен во геронтолошка установа во Скопје. Досега со скринингот направени се 2248 тестирања на Ковид-19, а регистрирани се три позитивни случаи на Ковид-19.