Македонија 10. мај 2019. / 13:57

Нови 110 случаи на морбили во Македонија

Нови 110 случаи на морбили во Македонија

Во Скопје се регистрирани 43 нови случаи со морбили, а 67 нови случаи во 11 други градови низ Македонија. По градот Скопје, по број на нови регистрирани случаи со морбили следи градот Куманово, потоа Тетово и Струга.

Децата под 1 година се најмногу погодени. Од прогласувањето на епидемијата, до минатата недела се регистрирани вкупно 1393 случаи на мали сипаници.