Македонија 24. декември 2020. / 14:00

Нова варијанта на коронавирус најверојатно се појави во Нигерија

Нова варијанта на коронавирус најверојатно се појави во Нигерија

Нова, трета варијанта на коронавирусот се чини дека се појави во Нигерија, изјави денеска шефот на африканските центри за контрола и превенција на болести, Џон Нкенгасонг.

Тој додаде дека затоа е потребно да се спроведе дополнителна истрага.

Според првичните податоци, станува збор за различна варијанта во споредба со оние во Велика Британија и Јужна Африка, изјави Нкенгасонг пред новинарите, а пренесе АП.

Тој посочи дека нигерискиот центар за контрола на болести и африканскиот центар ќе анализираат одреден број примероци.

-Дајте ни време… Сè уште е многу рано, рече африканскиот експерт.