Македонија 26. септември 2020. / 20:47

Нова снимка од инцидентот во Битола: Еден од присутните првин физички нападнал полицаец

Нова снимка од инцидентот во Битола: Еден од присутните првин физички нападнал полицаец

Вечерва на социјалните мрежи објавена е нова видео снимка од инциденот во Битола кој предзвика бура реакции во јавноста, објави 24.mk.

На снимката, според објавеното, се забележува како еден од полицајците во еден момент изрипува по обид за удар, односно физички напад од страна на еден од присутните роми, додека друг им се обраќа со зборовите „Мавајте“, додека полицајците стојат на улицата.