Македонија 16. јули 2020. / 15:20

Нова нелогичност на ДИК: Во Вевчани победил ДУИ, а таму има само 3 Албанци

Нова нелогичност на ДИК: Во Вевчани победил ДУИ, а таму има само 3 Албанци

 

Се појави уште еден нелогичен резултат на ДИК за предвремените парламентарни избори. Откако претходно имаше нелогичност за победа на ДУИ во струмичко Ново Село и Демир Хисар каде не живеат Албанци, сега таков резултат излезе и за Вевчани каде на пописот од 2002 година живеат само тројца Албанци.

Имено според ДИК, во Вевчани победник е ДУИ со 72,84% од гласовите, додека втора е Алијанса за Албанците со 18,52% па следи ДПА за 4,44%

Сајтот на ДИК повремено не работи и ден после изборите, а зошто се појавуваат вакви резултати треба да објаснат допрва. Денес од ДИК соопштија дека поднеле пријава за хакерски напад во МВР кое треба да го испита случајот.