Откако во петокот, после 50 дена, имаше потврден нов случај на заразен со Ковид-19 во Дебар денеска е регистриран уште еден случај на новозарзен.
Станува збор за маж од Дебар, кој бил префрлен во клиниките во Скопје поради силни болки во градите, но направениот тест потврдил присуство на корона вирусот. Хоспитализиран е во болницата „Осми септември“.
Потврдениот случај, пак, во петоткот беше жена од селото Долно Косоврасти, која пред неколку години е оперирана од тумор во мозокот, имала висока температура и чести епилептичми напади. Таа е пренесена на Клиниката за неврологија во Скопје каде што е потврдено дека е заразена со Ковид-19 по што е хоспитализирана во Инфективната клиника.
Тестовите направени на лицата кои имале контакт со заболената жена се негативни на Ковид-19. Сепак, сите тие и понатаму се во самоизолација.
Според полициската статистика од последното деноноќие, во Дебар во самоизолација се 45 лица, но поради новиот случај бројот денеска е поголем.