Македонија 09. јуни 2020. / 11:03

Нов случај на корона вирус во Гостиварско

Нов случај на корона вирус во Гостиварско

Епидемиолозите открија еден нов случај на заразен со корона вирусот во гостиварскиот регион. Од последните пет тестирања, едно лице од општина Врапчиште имало позитивен резултат на Ковид-19.

Според информациите на меѓуопштинскиот кризен штаб, во регионот се активни вкупно 30 случаи, од кои во општина Гостивар има 14 активни случаи, во општина Врапчиште 13, а во Маврово и Ростуше 3.

Гостиварскиот градоначалник Арбен Таравари кој е претседател на општинскиот кризен штаб, за денеска околу пладне најави нов состанок на кој покрај градоначалниците ќе присуствуваат и претставници на повеќе институции. Тој претходно состојбата ја оцени како стабилна и предупреди на задолжително почитување на мерките за заштита.

Во трите гостиварски општини од почетокот на пандемијата направени се 475 тестови од кои  51 лице имало позитивни резултати на  Ковид-19. Од нив, 24 се во Гостивар, 22 во Врапчиште и пет во Маврово и Ростуше.

Како последица на корона вирусот починаа три лица. За излекувани се водат 18 пациенти.