На денешниот состанок на Комисијата за заразни болести усвоивме нов протокол за престанок на изолација, рече министерот за здравство Венко Филипче.
– Нема да биде потребен контролен тест, а извештај ќе се генерира кај матичните лекари, рече Филипче,
Според МАНУ и според насоките од СЗО нема потреба да се тестираат луѓе кои биле во изолација. Имено, резултатите на испитувањата на МАНУ покажале дека по 10 дена кај асимптоматските случаи нема присуство на вирусот кој може да се пренесе и да предизвика болест, а кај заболените со симптоми, по 20 дена се случува истото.
Затоа се предвидува ослободување од изолација на пациентите без контролен тест, појасни Филипче.