20 пациенти од Македонија со Хроничната миелоидна леукемија (ХМЛ) за првпат добија можност за лечење со нов специфичен, посупериорен лек, второ-генерацискиот препарат Нилотиниб.
Со овој препарат е обезбеден поефикасен третман за болните со ХМЛ, особено за оние кои немаат задоволителен тераписки одговор на прволиниската терапија со препаратот Иматиниб.
На Универзитетската Клиника за Хематологија во моментот се лекуваат 120 пациенти со Хронична миелоидна леукемија (ХМЛ), а годишно се дијагностицираат во просек 14 нови пациенти.