Македонија 30. јули 2020. / 14:53

Нов кластер на заболени од Ковид-19 во Куманово

Нов кластер на заболени од Ковид-19 во Куманово

Центарот за јавно здравје Куманово во последниве 24 часа евидентира петнаесет новозаболени лица од Ковид 19, сите од Куманово, соопштија денеска надлежните од јавната здравствена установа. Оздравени се десет пациенти.

– Имаме еден нов кластер, а останатите новозаболени потекнуваат од веќе познати кластери, изјави директорот на Центарот, д-р Ариф Љатифи.

Денеска, извршени се 57 тестирања од кои 22 по „Мој термин“ и 35 епидемиолошки тестови. Од почетокот на пандемијата, ковид дијагностицирани во Куманово се 1038 пациенти, од кои активни во моментов се 296 случаи.