Македонија 05. јуни 2020. / 23:23

Ниту еден случај на корона вирус не открила апликацијата „Стоп корона“

Ниту еден случај на корона вирус не открила апликацијата „Стоп корона“

Мобилната апликација која Министерството за информатичко општество и администрација и Владата ја промовираа како една од главните алатки за помош во борба со корона вирусот, заклучно со вчерашниот ден не открила случај на корона вирус, пишува pina.mk.

До денес (04.06. четврток) преку апликацијата „СтопКорона!“ не се откриени нови позитивни случаи на корона вирусот. Епидемиолозите секојдневно детално ги следат сите достапни методи за откривање на контакти на позитивни случаи на корона вирусот, а со цел нивно рано откривање и тестирање. велат од Министерството за здравство за ПИНА .