Политиката на преходната и оваа Влада, за поволни станбени кредити, го форсира купувањето на станови. Вака зголемената побарувачка ја зголемува и цената на станбениот простор, со што градежните компании се стимулирани повеќе да градат.
Но дали ваквиот тренд ќе може да трае вечно? Тешко!
Најголемиот дел од купувачите на становите се лица вработени во државниот сектор, или лица во приватниот сектор чии приватни компании се зависни од државните тендери, односно повторно зависат од државниот буџет.
Се додека државата е во кондиција да позајмува пари од странство, редовно да дели плати на државната администрација, односно редовно да ги исплатува компаниите добитници на тендерите, се дотогаш продажбата и изградбата на станови ќе оди во нагорна линија. Кога кредитите од странство ќе стивнат, таквиот тренд ќе исчезне.