Претседателот Ѓорге Иванов имал намера на 27 април да прогласи вонредна воена состојба, но тоа не го сторил под притисок на странски фактор, рече обвинетиот Александар Василевски-Нинџа, повикувајќи се на информации кои ги добил од Горан Грујевски, пренесе Фокус.
На критичниот ден Нинџа ги следел настаните од пред Собранието. На денешното рочиште тој во детали раскажа се што видел и слушнал тој ден, при тоа разоткривајќи ги имињата на оние кои ги давале наредбите.