Македонија 25. април 2018. / 20:49

Нимиц: Двете страни се посветени на менување на името

Нимиц: Двете страни се посветени на менување на името

По средбата со македонскиот и грчкиот министер за надворешни работи, Никола Димитров и Никос Коѕијас, попладнево во Виена, медијаторот Метју Нимиц изјави дека имале интензивни разговори на кои и двајцата дипломати покажале голема посветеност и решителност за решавање на спорот за името.

„Имавме динамичен разговор. Двете страни се посветени на постигнување решение и процесот ќе продолжи во следните недели“, порача Нимиц.

По средбата, која траеше околу три часа, Димитров и Коѕијас не дадоа изјава за медиумите.