Македонија 18. декември 2020. / 09:53

Никовски: Ако сега заедно со Бугарија го славиме денот на „Кирил и Методиј“ ние автоматски прифаќаме дека сме Бугари

Никовски: Ако сега заедно со Бугарија го славиме денот на „Кирил и Методиј“ ние автоматски прифаќаме дека сме Бугари

Во емисијата на Радио Лидер на „Утро со Златев“ гостуваше Ристо Никовски, поранешен амбасадор.

После прогласувањето на  Кирил и Методиј за бугарски просветители , а тие се сесловенски тоа е најточно и најреално , ние требаше истиот  ден да ја прекинеме Меѓународната комисија со Бугарија, бидејќи ние се договоривме заедно да ги славиме “ Кирил и Методиј“ – празник на браќата, истакна Никовски.

Ако заедно сега го славиме денот на „Бугарските просветители“, ние автоматски и директно прифаќаме дека сме бугари . Не доведоа на тенок мраз, ни подметнаа кукавички јајца и тоа не се дозволува. Срамота е што другите молчат, кај се Словенија и Хрватска, Скандинавските земји, се работи за принципи , ова ништо нема да промени.  Сега Бугарија само ја засилува својата позиција“ изјави Никоски.