Во услови на пандемија од витално значење е сите да работиме заедно и во тој контекст сакаме да дадеме придонес во спречувањето на ширење на вирусот на КОВИД-19 на територијата на нашата држава, се вели во писмото што Ветеринарната комора го испрати до Министерот Венко Филипче.
Ветеринарната комора на Република Македонија денеска упати писмо до министерот за здравство, Венко Филипче и до директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Зоран Атанасов со кое ги известува дека во услови на вонредна состојба, ветеринарните друштва, во рамки на своите можности, ги ставаат своите капацитети на располагање за сите мерки за справување со ширењето на вирусот на КОВИД-19.
Во писмото се наведува дека во услови на пандемија од витално значење е сите да работиме заедно и во тој контекст сметаме за потребно како професија во нашиот делокруг на работа да дадеме придонес во спречувањето на ширење на вирусот на КОВИД-19 на територијата на нашата држава, вели претседателот на Комората, Томислав Николовски.