ВМРО-ДПМНЕ се обврзува и ветува пред граѓаните дека во наредните четири години, по формирањето на Владата, ќе ја стопира корупцијата, но и непотизмот кои што во моментот наголемо се распростанети во македонското правосудство, истакна адвокаткака Ружица Николовска од ВМРО-ДПМНЕ.
Таа во дебатата на “360 степени“ на телевизија Алсат појасни дека нејзината партија има прекрасна предизборна програма, особено во делот кој што се однесува правосудството, кои тие го нарекуваат и петтиот столб.
– ВМРО-ДПМНЕ има изработено прекрасна програма, особено во делот што ние во програмата го нарекуваме петтиот столб, тоа е обнова на уставно-правниот и политичкиот систем на Македонија. Предлагаме сет на мерки кои што се содржани од најразлични проекти токму за зајакнување на правосудниот систем и за да ја вратиме повторно назад, довербата правосудството. Она што ние ќе го направиме, ќе ја стопираме секако корупцијата и непотизмот во правосудството, рече Николовска.
Таа додаде дека тие предлагаат нов начин на избор на судии и напредување во кариерата на судиите. Исто така го предлагаат и институтот „Издвоено мислење на судија“, имено во оние процеси и постапки во кои што постапува совет од тројца или петорица судии, да може судијата кој што не се согласил со конкретната одлука да има право да даде свое, издвоено мислење за конкретниот предмет.
Николовска појасни дека ВМРО-ДПМНЕ ќе се залага за избор на судии со интегритет а не на судии кои се покажаа како добри партиски послушници.
– Ќе се залагаме за судии со интегритет, наместо да имаме судии кои се партиски послушници. Се залагаме и за квалитетно правничко образование, објективен правосуден испит и модерна Академија за судии и јавни обвинители, а не она што до сега го гледавме, истакна Николовска.
Дигитализација на судството, рече таа, ни е исто така еден од проектите кој што го предлагаме и судска администрација по европски терк.
Николовска додаде дека правдата ќе ја направат подостапна за сите македонски граѓани така што се обврзуваат за намалување на судските такси.
– И најважно од се од она што се залагаме е полесен и поедноставен пристап до правдата и судството за секој граѓанин, а тоа значи дека се обврземе и го ветуваме намалувањето на судските такси, за да може граѓаните да имаат полесен пристап до правдата, констатираше Николовска.