Македонија 23. декември 2020. / 21:51

Николов: Се појави вакцина и наместо Филипче да организира вакцинација, чека донации

Николов: Се појави вакцина и наместо Филипче да организира вакцинација, чека донации

На дно сме на европската листа по број на тестови, а високо на листата по број на починати на милион жители. Ова се завидни бројки, ама во негативна конотација, рече доктор Игор Николов, претседател на Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашното гостување на радио Лидер.

Според него за жал нашиот регион беше доста погоден од овој вирус, а во нашата земја се направени многу пропусти уште на стартот.

-Се поставува прашањето е зошто не преземаме корективни мерки. Се ориентиравме во правец да нема паника или се е добро се е, ќе имаме две илјади заразени, за да се најдеме во втор пик кој го удри системот жестоко. Така дојдовме до ситуација да се радуваме кога бројот на починати ќе падне под 30 лица. Не навикнаа на нова нермоланост која не е нормалност. Не се сам починатите од корона, нашиот здравствен систем ги заборави лицата со други дијагнози, што е лошо, посочи Николов.

Говорејќи за актуелнат ситуација со вакцините, доктор Николов рече дека не може да се има таков однос.

-Да потсетам уште од почетокот на пандемијата се говореше дека тестови ќе се прават во Ниш, па набавија тестови, па почнаа со донации и сега исто. Во меѓувреме ни го сервираа КОВАКС механизмот, па излезе бил за земји во развој. Па ние не сме земја која не може да набави, да преговара. И така додека се знае во другите земји кој кога вакцинира кај нас нема ништо. Така се навикнавме на донации, потоа на онаа „ај кога ќе дојде тогаш ќе мислиме“. Излезе и КОВАКС механизмот донација. Се што се случува е резултат на кампањата за пиар, но пиар само на Венко да има стикери за Венко и слично, рече Николов.

Линкот од емисијата може да го погледнете ТУКА