Македонија 10. јули 2020. / 14:17

Николов: Наместо подобрување на јавното здравство, најдоходовните процедури ги изнесоа од системот

Николов: Наместо подобрување на јавното здравство, најдоходовните процедури ги изнесоа од системот

Здравство без хартија, модернизација на Клиничкиот центар во Скопје и реконструкција на здравствените центри низ државата, вети Игор Николов, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Наместо да го задржат, продолжија да ги бркаат медицинарите и медицинскиот персонал. Наместо нов Клинички центар, никна паркинг за 200 возила во рамки на кампусот клиники „Мајка Тереза“. Наместо подобрување на лекувањето во јавното здравство, најдоходовните процедури ги изнесоа од системот, а устите им се полни со Европска унија – изјави Николов.

Николов додав дека токму затоа ВМРО-ДПМНЕ нуди програма, конкретни проекти и мерки.

„Фокусот во здравството ВМРО-ДПМНЕ го става подеднакво, како на пациентите, така и на медицинскиот персонал. Целта е навремена и соодветна здравствена услуга, задоволни пациенти, задоволен медицински персонал, медицински персонал кој ќе остане тука, а не да работи по здравствените установи во светот, а граѓаните во Македонија да нема кој да ги лекува. Некои од клучните аспекти на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова на Македонија“ се: воспоставување на целосно функционален концепт на здравство без хартија, кој подразбира целосна дигитализација на здравствениот и фармацевтскиот систем, формирање на национално координативно тело за здравство, кое ќе придонесе за оптимизација на здравствениот третман на пациентите и модернизација и функционална интеграција на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, Универзитетска градска болница „8-ми Септември“, модерна универзитетска Клиничка болница во Штип и реконструкција на здравствените центри во целата држава“ – вели Николов.